Давид Алаба е еден од најплатените дефанзивци на светот со годишна плата од 10 милиони евра во Баерн Минхен, но левиот бек на Баварците сега бара двојно повеќе за евентуален нов договор.
Сезонава австрискиот репрезентативец игра импресивно и како стопер, што и не е толку лесно за бек, но Алаба беспрекорно ги извршува задачите и како централен играч во одбраната на шампионот на Германија.
Баерн сака да го задржи, но барањата на Алаба, односно на неговиот менаџер Пини Захави се енормни и изнесуваат 20 милиони евра годишна плата за 28–годишниот дефанзивец роден во Виена.
Ако Баерн ги прифати условите на левиот бек, по ново стопер во тимот, тогаш Давид би бил најплатен играч во тимот пред Роберт Левандовски со 15 милиони евра годишна плата.
Со 20 милиони евра годишно, Алаба би бил и убедливо најплатениот дефанзивец на светот, пред Вирџил ван Дајк, кој заработува 11 милиони евра по сезона во Ливерпул.
Ако не успее да се договори со Баерн, за австрискиот репрезентативец голем интерес има и од неколку гиганти, пред сè од Барселона, Челзи и Манчестер сити.