23.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Аланијаспор ќе го исплати целиот договор на загинатиот Шурал

Турскиот прволигаш Аланијаспор реши да го исплати целиот договор кој го имаше Јосеф Шурал. Чешкиот фудбалер пред неколку дена загина во сообраќајна несреќа, додека се враќаше со своите соиграчи од гостувањето кај Кајсериспор. Вкупно осуммина фудбалери патувале со миникомбе, кое излетало од патот и се превртело. Причина за излетувањето е тоа што возачот заспал над воланот.

Шурал починал ведаш, а останатите фудбалери биле полесно повредени. Челниците на Аланијаспор покажаа дека и во вакви тешки моменти не смее да се заборави човечноста и хуманоста, па решија да му го исплатат целиот договор што чешкиот фудбалер го имаше со клубот, а од него останаа уште две и пол години.

- Оглас -

Најнови вести