Сем Алардајс си поднесе оставка од тренерската функција во Лидс по само четири одиграни меча на кои не успеа да го спаси тимот од испаѓање од Премиер лигата.
68-годишниот Алардајс минатиот месец ја прекина пензијата и седна на клупата на Лидс со цел да се обиде да ја спаси екипата од испаѓање, но не успеа во намерата. На четирите меча под водство на Алардајс, Лидс освои само еден бод и по три години испадна од Премиер лигата.
#LUFC and Sam Allardyce can confirm that both parties have mutually agreed for Sam’s spell at the club to end following the completion of the 2022/23 season
— Leeds United (@LUFC) June 2, 2023
„Ми беше задоволдство да го водам Лидс, тоа е голем клуб со неверојатни навивачи кој заслужува за игра во Премиер лигата. Во овој момент од мојот живот, не сум сигурен дека сакам да бидам дел од долгорочен проект, но му посакувам на Лидс, брзо да се врати во Премиер лигата“, изјави Алардајс.
Алардајс за четирите меча на кои седеше на клупата на Лидс заработи 500.000 фунти.