Аларм: Што се случува на небото над градот каде што ќе гостува Македонија? (Видео)

Македонија во понеделник треба да гостува во Астана, на меч против Казахстан од квалификациите за Светското првенство 2026. Сепак, вечерва во Казахстан, а посебно во Астана на никому не му е до фудбал.

Градот беше осветлен од неидентификувана светлина, а социјалните мрежи се преполни со видеа, но и со теории за тоа што се случува. Најголемиот дел од корисниците тврдат дека се работи за ракети истрелани од Русија, кои случајно завршиле на небото над Казахстан. Дури и се шпекулира дека станува збор за неуспешно лансирање на ракети „Орешник“, кои наместо во Украина, завршиле во Казахстан.

Сепак, од Министерството за одбрана на Казахстан смируваат и тврдат дека војската извршила тестирање на противвозбушната одбрана и дека не постои опасност за цивилите.

Во секој случај видеата изгледаат загрижувачки, посебно дека токму во овој град треба да гостува и фудбалската репрезентација на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести