13.8 C
Skopje
недела, 15 февруари 2026

Прогнозерите никогаш немале ваква доверба во Манчестер јунајтед, во Ливерпул „ќе врие“

Мечеви од најсилните лиги во Европа се дел од најновото коло на Спортската прогноза, а посебно внимание привлекуваат три дерби-пресметки. Манчестер јунајтед нареди три победи и сега има предизвик на „Олд Трафорд“ да ја продолжи серијата во дуелот против Тотенхем.

Интересно е тоа дека во претходните неколку кола, мал беше бројот на прогнозери кои веруваа дека Црвените ѓаволи ќе победуваат против Манчестер сити, Арсенал и Фулам, но сега довербата во некогашниот првак повторно се враќа. Дури 80 отсто од прогнозерите очекуваат Манчестер јунајтед да го победи Тотенхем.

Возбудливо ќе биде и на „Енфилд роуд“, каде што ќе играат Ливерпул и Манчестер сити. Домаќините се дури на шестото место и на овој меч едноставно ќе се обидат да покажат дека имаат квалитет да бидат при врвот на табелата. Речиси 45 отсто од прогнозерите очекуваат победа на Црвените, а само 25 отсто се за триумф на Граѓаните.

Во француското првенство, ПСЖ на „Паркот на принцовите“ ќе игра против Олимпик Марсеј, а голем дел од прогнозерите (84 отсто) очекуваат да биде „кец“. Тука се уште десет интересни дуели и главен предизвик за секој прогнозер е да се обиде да стигне до Среќна 13-ка, односно да ги погоди сите 13 фиксови. За таков успех следува подарок iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести