15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Аларм во Барселона: Меси мора да биде продаден за да има пари за плати

Привремениот претседател на Барселона, Карлос Тускетс, откри дека доколку тој бил на чело на каталонскиот гигант пред неколку месеци, би решил да го продаде Лионел Меси. Тускетс открива дека на тој потег би се одлучил затоа што клубот се соочува со финансиска криза.

Според најавите, фудбалерите ќе имаат проблем навремено да ги добијат платите кои беа најавени за во јануари затоа што Меси не бил продаден пред почетокот на сезоната. Актуелниот договор на Меси со Барселона е до крајот на сезоната, а потоа ќе може да си замине како слободен играч.

„Ако гледаме од економски аспект, јас би го продал Меси. Фудбалерите сега нема да ги добијат платите во јануарскиот термин. Според договорите, фудбалерите добиваат пари двапати во годината. Еднаш во јануари и еднаш во јуни. Овојпат платите во јануари нема да стигнат. Не знаеме кога ќе бидеме подготвени да ги исплатиме“, откри Тускетс, кој дојде на местото на Хосеп Марија Бартомеу.

Пари Сен Жермен и Манчестер сити се најсериозните кандидати за нови дестинации на Меси. Синоќа Нејмар најави дека очекува во следната сезона повторно да биде соиграч со Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести