Аларм во ПСЖ: Верати е позитивен на Коронавирусот, нема да игра на клучните дуели

Актуелниот француски првак Пари Сен Жермен потврди дека на последните тестирања за Коронавирусот, се појавил позитивен случај. Играчот за врска, Марко Верати е позитивен на опасниот вирус, а од клубот не соопштија како се чувствува фудбалерот.

„Денешните резултати на ПЦР тестирањето на Коронавирусот покажаа дека напиот фудбалер Марко Верати е позитивен. Поради тоа, тој ќе мора да ги почитува мерките за изолација и ќе го следи здравствениот протокол“, стои во соопштението на ПСЖ.

Верати е во ПСЖ од 2012 година и со клубот освои седум титули во француското првенство. Поради последниот позитивен тест, Верати сега ќе мора да ги пропушти едни од најважните мечеви за ПСЖ сезонава. Ќе го нема во составот на утрешното дерби во француското првенство против Лил, а нема да биде во составот ниту за првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони против Баерн Минхен.

 

- Оглас -

Најнови вести