Аларм во Реал: Винисиус го одбил првиот предлог за продолжување на договорот со Кралевите

Во последните неколку месеци се погласни се шпекулациите дека бразилскиот голгетер Винисиус јуниор може да си замине од Реал Мадрид. Најавите беа дека инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија е подотвен да плати вистинско богатство, само да го натера Винисиус да заигра во нивното првенство.

Актуелниот договор на Винисиус со Реал Мадрид е до 30 јуни 2027 година, а според Трансфермаркет неговата цена се проценува на 200 милиони евра. Денеска од Реал Мадрид се обидоа да го договорат Бразилецот со нов договор за упте неколку сезони, но добија негативен одговор.

Винисиус го одбил предлогот за нов договор на Реал Мадрид, што само ги засили шпекулациите дека можно е во скоро време дури и да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести