Аларм во репрезентацијата на Италија: Се повреди Николо Барела

Репрезентацијата на Италија и селекторот Лучано Спалети се соочуваат со голем проблем само на 10 дена од првиот натпревар на Европското првенство во Германија. Фудбалерот од средниот ред на Интер, Николо Барела, се пожалил на повреда и останува неизвесен за првиот натпревар против Албанија.

Италијанците се обидуваат да го подготват за настапот на Европското првенство, но останува неизвесно дали ќе успеат навреме да ја санираат повредата на мускулот. Спалети има подготвено замена за Барела, на неговата позиција конкурираат Самуеле Ричи и Николо Фаџоли, кои, како што велат Италијанците, знаат да играат фудбал, но тешко дека можат да го заменат Барела, кој важи за еден од најдобрите во светот на неговата позиција.

Италија на Европското првенство е дел од групата на смртта заедно со селекциите на Шпанија, Хрватска и Албанија.

- Оглас -

Најнови вести