Димитриевски двапати ја вадеше топката од мрежата, Валенсија се врати на старите навики (Видео)

Валенсија минатото коло ја прекина црната серија од три порази по ред и славеше над Леванте, но „лилјаците“ се вратија на старите навики на гостувањето кај Виљареал.

Столе Димитриевски и неговите соиграчи загубија со 2-1 и тоа со пресврт, откако во 27-мата минута дојдоа во водство преку Рамазани.

Комесана во 31-вата минута израмни на 1-1, откако дефанзивците на Валенсија реагираа несмасно и го измамија Димитриевски, кој остана без можност да регира.

Нашиот голман беше немоќен и во шесттата минута од продолжението на првиот дел, кога Гује од пенал беше успешен реализатор.

Според отценката, но и според статистиката, Столе Димитриевски беше еден од најзаслужните што „лилајците“ не загубија со далеку повисок резултат од минималните 2-1.

- Оглас -

Најнови вести