Најголемата ѕвезда на Ал-Итихад, Карим Бензема, се повреди на дуелот против Ал-Вехда. Фаворитот Ал-Итихад славеше со 3:0, но победничкиот тим има причини за загриженост.
Пред крајот на првото полувреме, Бензема се пожали на болки во мускулот на ногата и остана на лежи на теренот.
https://twitter.com/i/status/1696237770421735740
Французинот потоа беше изнесен од теренот, а првичните прогнози се дека можно е да се работи за посериозна повреда, која може да го отстрани Бензема подолг период надвор од теренот.
Французинот летово дојде во Ал-Итихад, и тоа за годишна плата од 200 милиони евра. Во првите три меча за новиот клуб, Бензема има дадео еден гол, но има и две асистенции. По доаѓањето во Ал-Итихад, Бензема влезе во конфликт со тренерот Нуњо Еспирито Сантос.
Португалскиот стратег реши дека Бензема не треба да ја носи капитенската лента на тимот, па односите меѓу тренерот и првата ѕвезда целосно се замрзнаа.