Алармот вклучен на највисоко ниво: Играчите на Барселона не ни разговараат меѓу себе!

Барселона сезонава е во незавидна ситуација. По 11 одиграни меча во Примера, каталонскиот гигант има едвај пет победи, па само со 17 бода е на осмото место на табелата. И во Лигата на шампионите Барселона не помина како што посакува затоа што Јувентус заврши како прв во групата, и тоа откако италијанскиот гигант со 3:0 славеше на „Камп ноу“.

Во последниот одигран меч, Барселона минимално со 1:0 го победи Леванте, и тоа благодарение на погодокот на Лионел Меси во второто полувреме. Фудбалерите на Леванте по завршување на мечот, открија дека забележале чудни работи кај противничките фудбалери.

Едноставно, играчите на Барселона во текот на целиот меч не комуницирале меѓу себе, што е неверојатно.

„Не ги слушавме да комуницираат меѓу себе. Ниту на теренот, но ни во тунелот додека заминуваа во соблекувалните. Дури и откако победија, по мечот немаше меѓусебна комуникација“, откриваат фудбалерите на Леванте, кои за малку ќе останеа непоразени на тешкото гостување.

 

- Оглас -

Најнови вести