Кога не оди, се знае, тука е Меси

Барселона минимално со 1:0 го победи Леванте во дуел на кој каталонскиот гигант беше апсолутен фаворит. Домаќините до посакуваните три бода стигнаа со голот на Лионел Меси во 76-тата минута.

За Барселона ова е петта победа во 11 меча во Примера и има 17 бода, што е доволно само за осмото место на табелата. Голот на Меси беше доволен Барселона да ја продолжи перфектната низа против Леванте на „Камп ноу“. Ова беше нивен 15-ти дуел на стадионот на Барселона и секогаш домаќините се радувале.

 

- Оглас -

Најнови вести