Aлба Берлин со „вајлд-карта“ до Евролигата

Алба Берлин ќе биде дел од Евролигата во следната сезона со помош на опцијата „валјд-карта“. Во случај германскиот тим да не ја обезбеди титулата во кошаркарската Бундеслига или пак да потфрли во обидот да се пласира во финалето од тамошниот шампионат, местото во елитниот контитнентален собир ќе им биде загарантирано со специјалната покана.

Баерн Минхен од претходно ја продолжи лиценцата, а не се исклучува можноста да има три претставници од Германија во случај Баерн и Алба да не ја освојат шампионската титула. Еден од тимовите кои им пркоси на фаворитите за тронот во германската кошарка е Олденбург, чијшто член е македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски.

Веднаш по елиминацијата во полуфиналето од АБА-лигата, и Партизан поднесе барање за специјална покана, исто како и Дарушафака. Сепак, предност пред нив има учесникот во овогодишното финале на Европкупот, во кое Алба во три меча загуби од Валенсија.

По вчерашната „мајсторка“ меѓу Црвена ѕвезда и Будуќност, по која белградскиот тим ја освои АБА-лигата, „црвено-белите“ се 15-тата екипа која го осигури пласманот во Евролигата. Останаа уште две места од вкупно 18. Се чекаат најдобропласираните екипи од руската и германската лига.

Веќе познати учесници за следната сезона се: Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Валенсија – Шпанија; Панатинаикос, Олимпијакос – Грција; Фенербахче, Анадолу Ефес – Турција; Жалгирис Каунас – Литванија; ЦСКА Москва – Русија; Олимпија Милано – Италија; Баерн Минхен – Германија; АСВЕЛ Вилербан – Франција.

- Оглас -

Најнови вести