Алба е тата-мата за Црвено-белите, четврта година по ред слави во Белград

Кошаркарите на Црвена звезда се поразени на домашен терен од Алба Берлин со 87:72 во рамки на 25-то коло во Евролигата.

Со триумфот во Белград, германскиот тим им се реваншира за поразот на домашен терен во првиот дел од сезоната (84:88) и веќе четврта година по ред слават на гости во меѓусебните дуели со Црвена звезда.

Шампионот на АБА лигата со поразот направи чекор наназад во битката за освојување на осмото место на табелата кое носи пласман во разигрувањето за титулата и сега има скор од 11 победи и 14 порази, додека Алба е последна на табелата со скор 7-18.

Првото полувреме му припадна на домаќинот кој постојано имаше предност, најголемото изнесуваше 12 поени, но кој крајот на третата и почетокот на последната четвртина, Алба направи серија од 10:0 со која поведе и предноста не ја испушти до крајот.

Најзаслужни за победата беа Маодо Ло со 24 поени, Луис Олинде со 13 поени и Габриеле Прочида со 11 постинати поени. Во редовите на Црвена звезда, најефикасен беше Филип Петрушев со 13 поени, додека Лука Вилдоза даде 10 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести