13.8 C
Skopje
недела, 12 октомври 2025

Албанија на полувреме има водство во Лесковац: Манај ги „смрзна“ Србите (Видео)

Србија најавуваше жестока пресметка и победа против Албанија во Лесковац, но во финишот на првото полувреме, на изненадување на сите, до водство дојде Албанија.

Во судиското продолжение од првото полувреме, Реј Манај се проби во мешаницата пред голот на домаќините и со прецизен удар го совлада Ѓорѓе Петровиќ, предизвикувајќи еуфорија кај гостите и тишина на трибините.

Српските играчи бурно протестираа, тврдејќи дека капитенот Џимшити играл со рака, но судијата Иштван Ковач не ја промени одлуката и го призна погодокот на Албанија.

Ќе биде мошне интересно во второто полувреме од овој дуел.

- Оглас -

Најнови вести