На повидок скандал во Англија: Дали Манчестер сити беше драстично оштетен против Нотингам (Фото)

Манчестер сити киксира на свој терен откако одигра 2:2 против Нотингам форест во меч од 29-тото коло на англиската Премиер лига. По ова реми, Сити сега заостанува седум бода зад лидерот Арсенал, додека Нотингам освои можеби „злато“ вреден бод затоа што екипата сега има 28 бода и избега од зоната за испаѓање.

Ретко кој веруваше дека Сити на свој терен може да киксира против тим кој се бори за опстанок, но затоа и е интересна Премиер лигата. Фаворитот водеше со 1:0 на полувреме, но Нотингам покажа во вториот дел дека има сили да биде рамноправен и со најсилните ривали.

Гостите израмнија на 1:1, Сити повторно поведе, но Нотингам имаше сили и за втор погодок и 2:2. Во последните 15-20 минути домаќините со сите сили се обидоа да постигна трет гол, но не успеаја. Имаше и две ситуации во кои домашните фудбалери бараа пенал, но судијата сметаше дека нема простор да се покаже на белата точка. По мечот, Бернардо Силва имаше многу забелешки за судењето, посебно во ситуацијата кога Ерлинг Халанд беше задржан од еден противнички играч.

„Сите ситуации кои беа 50-50 беа досудени на наша штета. Тоа е реалноста. За мене тоа беше чист пенал. Некои можеби мислат поинаку, но што можеше Халанд тука да направи? Но, навикнавме на ова што ни се случува“, револтирано реагираше Силва.

Освен ситуацијата со Халанд, во финишот на мечот, имаше еден момент кога Родри шутираше, а противнички играч буквално го шутна по ногата, но и оваа ситуација не беше доволна за судијата да досуди пенал за Сити.

- Оглас -

Најнови вести