Албански репрезентативец е прво засилување за Јувентус во новата сезона

Младиот албански дефанзивец Мараш Кумбула ќе биде нов играч на Јувентус во следната сезона. Според пишувањата на весникот „Ла Стампа“, Кумбула ќе се пресели во Торино, а за тој трансфер неговиот досегашен клуб Верона ќе заработи 32 милиони евра.

Кумбула сезонава одигра одлични 18 меча во дресот на Верона во Серија А, а иако е дефанзивец успеа да даде и еден гол. Покрај Јувентус, за Кумбула се интересираа и Манчестер јунајтед, Лацио, Наполи, Интер, Челзи и Арсенал, но сепак, самиот играч одбрал да игра за Јувентус.

Договорот со првакот на Италија ќе биде на пет години, а ќе се приклучи на Старата дама по завршување на оваа сезона. Младиот 20-годишен Мараш лани дебитираше за националниот тим на Албанија.

- Оглас -

Најнови вести