12.8 C
Skopje
понеделник, 1 декември 2025

Албанците ја нокаутираа Србија, Роналдо промаши пенал, но Португалија сепак победи (Видео)

Фудбалската репрезентација на Албанија излезе како победник во пресметката со Србија во Лесковац, откако славеше со 0-1. Селекцијата на Драган Стојковиќ – Пикси одигра под сите очекувања, а Албанците славеа со голот на Реј Манај во последните мигови од првото полувреме.

Кристијано Роналдо не реализира пенал за Португалија, но неговиот тим сепак победи, и тоа со погодокот на Рубен Невеш во 90-тата минута од мечот.

Турците ја декласираа Бугарија на гости со 1-6, а Италија славеше против Естонија на гости со 1-3. Шпанија беше подобра од Грузија на домашен терен со 2-0, со головите на Пино и на Ојаразбал, а Феран Торес не реализира пенал.

- Оглас -

Најнови вести