Алегри: Ако си заминам, наследникот мој треба да знае дека му останам победнички Јувентус

По пауза од три години, Јувентус синоќа се израдува на трофеј во Купот на Италија. Во големото финале кое се играше на „Олимпико“ во Рим, Јувентус со голот на Душан Влаховиќ стигна до победа од 1:0 против Аталанта.

Според многумина, по завршување на сезоната, тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ќе си замине од позицијата. Интересно е дека Алегри не го дочека крајот на синоќешното финале затоа што доби црвен картон во последните моменти од средбата.

„Последните триесетина дена беа тешки за мене. Ако си заминам, на наследникот му оставам победнички Јувентус. Клубот е тој што одлучува околу тренерот“, рече Алегри по освоениот Куп.

- Оглас -

Најнови вести