Алегри ги потврди црните најави: Без Дибала и Мората против Челзи

Паоло Дибала и Алваро Мората ќе го пропуштат натпреварот од Лигата на шампионите, против Челзи.

Тоа го потврди тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегреи, по мечот со Сампдорија кој заврши со 3:2 во корист на Јуве.

„Со сигурност Дибала и Мората нема да играат против Челзи, а ќе бидеме среќни ако успеат да се опорават по интернационалната пауза. Тоа е дел од фудбалот и мора да се навикнеме. Имавме неколку грешки во одбраната, но, дефинитивно добро се браневме во поголемиот дел од мечот, сепак среќни сме што дојдовме до нови три бода“ рече тренерот на „старата дама“ на прес-конференцијата.

Јувентус и Челзи се среќаваат во рамките на второто коло од ЛШ, во групата Х, каде што и двата тима имаат по три бода.

- Оглас -

Најнови вести