Алегри го доби повикот што го чекаше една и пол година

Масимилијано Алегри е фаворит за преземање на клупата на Рома, известуваат италијанските медиуми. Екстренерот на Јувентус и Милан наскоро би можел да го замени Пауло Фонсека на клупата на Римската волчица, откако португалскиот стратег ја загуби довербата од управата на клубот.

Алегри ваков повик чекаше една и пол година, поточно откако отстапи од тренерската позиција во Јувентус. Неговото име се поврзуваше со Челзи и ПСЖ, но очигледно Италијанецот има желба да работи само во родната земја.

Алегри беше тренерот кој го донесе последното Скудето во Милан во сезоната 2010/11, а потоа петпати во низа беше шампион со Јувентус, плус во четири наврати триумфираше со Бјанконерите во Купот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести