-0.2 C
Skopje
четврток, 8 јануари 2026

Алегри: „Модриќ е пример за младите, се извинува на соиграчите кога ќе згреши“

Милан како голем фаворит во четврток ја пречекува Џенова во меч од Серија А, а една од темите на официјалната прес-конференција беше и однесувањето на Лука Модриќ. Тренерот на „црвено-црните“, Масимилијано Алегри, истакна дека Хрватот е вистински пример и иако има 40 години, им се извинува на соиграчите кога ќе погреши додавање.

„Тоа е страст, љубов и почит која треба да се истакне. Дури и смешно ми е кога ќе погреши додавање, се лути на себе и им се извинува на соиграчите. Тоа е фантастичен пример за младите, бидејќи сведочи за љубов и страст, која денешните млади треба да ја имаат кон сите они кои се бават со фудбал. Тоа ја прави разликата во денешно време кога постојат многу работи кои ви го одвлекуваат вниманието. Многу е важно да имате фокусирани фудбалери.“ – беше коментарот на Алегри за Лука Модриќ.

Милан во моментов е на втората позиција на табелата во италијанската Серија А со еден бод заостанување од градскиот ривал Интер.

- Оглас -

Најнови вести