Осула со голчиште во 90-тата минута му го нанесе првиот пораз на Мајкл Карик (Видео)

Мајкл Карик го доживеа првиот пораз на клупата на Манчестер јунајтед откако неговите избраници загубија со 2-1 на гостувањето кај Њукасл. Привремениот тренер на Црвените ѓаволи имаше серија од седум меча, на кои победи шестпати, а само еднаш ремизира, но и на таа серија ѝ дојде крајот откако Вилијам Осула со вистински еврогол во 90-тата минута донесе триумф за Страчките.

Њукасл од 45-тата минута имаа играч помалку по исклучувањето на Рамзи, но само една минута подоцна дојдоа во водство од 1-0 преку Гордон од пенал.

На 1-1 израмни Каземиро во деветтата минута од продолжението на првиот дел.

Манчестер јунајтед и по шест години не успеа да го освои „Сент Џејмс парк“, а последен пат успеа да се спаси од пораз во 2021 година, кога мечот заврши нерешено.

- Оглас -

Најнови вести