Масимилијано Алегри: Нема божиќна прослава за моите фудбалери

Наместо вообичаена прослава на Божиќ, на 24 и 25 декември фубалерите на Јувентус ќе треба да тренираат и да се подготвуваат за гослтувањето кај Аталанта на 26 декември. Ова го кажа тренерот Масимилијано Алегри, пред денешната средба со Фиорентина.

Алегри сака Јуве да има огромна предност на крајот на декември, а потоа мирно да ја прослават новата година. „Старата дама“ и сега има одлична предност, победи на 12 од 13-те меча во Серија А, во Лига на шампиони имаат обезбедено осминафинале, но Алегри не се задоволува со тоа.

„Чудно е што треба да одиме во Бергамо на 25 декември. Ќе тренираме и на 24-ти на 25-ти декември, па ќе мора да изедеме што е можно помалку пандоро. Во Бергамо времето ќе биде студено и не смееме да јадеме премногу и да ризикуваме проблеми со стомакот. Иако титуката се освојува во мај, ние сакаме на 29. декември да бидеме први со голема разлика“ – изјави Алегри.

Пандоро е сладок леб, нешто како нашиот куглоф, кој е задолжителен на секоја италијанска божиќна трпеза.

Денеска Јуве гостува кај Фиорентина и нема да му биде лесно, бидејќи за „виолетовите“ ова е меч на годината. Во тимот на Јувентус се враќаат Бернардески и Де Шиљо, а во аут се Алекс Сандро и Кедира, додека Емре Џан е неизвесен. Можеби одмор ќе добијат Пјаниќ и Бонучи.

- Оглас -

Најнови вести