Ѓулер доби шанса од првата минута и донесе победа за Реал Мадрид (Видео)

Младиот турски фудбалер, Арда Ѓулер, беше клучниот човек на мечот во Сан Себастијан и со гол во 29-тата минута донесе победа за Реал Мадрид од 0-1 на гостувањето кај Реал Сосиедад.

За младиот Ѓулер ова беше втор погодок во дресот на Реал Мадрид, овој пат одлучувачки за победа и уште еднаш го покажа својот раскошен талент, но и најави дека ќе се бори за место во првата екипа и покрај шпекулациите дека следната сезона ќе биде испратен на позајмица.

Реал Мадрид сега има 84 бодови, 14 повеќе од Барселона, но и натпревар повеќе од „каталонците“ кои ова коло својот натпревар ќе го одиграат во понеделник. „Кралскиот“ клуб сега е уште еден чекор поблиску до освојување на титулата во Ла Лига на пет кола до крајот.

- Оглас -

Најнови вести