Алегри објасни зошто ги пцуел играчите

Најтрофејниот италијански клуб, Јувентус, го има најлошиот старт на сезоната во последните 60 години. По четири одиграни кола, Старата дама е без победа и само со два освоени бода е во зоната за испаѓање. Тренерот Масимилијано Алегри беше посебно лут по дуелот со Милан, кој заврши 1:1 во Торино. Стратегот беше „уловен“ од камера како пцуе по играчите.

„И јас сум човек. Имам емоции. Очекувам играчите да го дадат максимумот и да имаат почит кон дресот што го носат. Тоа важи како за тие што се стартери, така и за тие кои се на клупата за резерви. Мора да постои одговорност“, објасни Алегри.

Јувентус денеска гостува кај Специја во рамките од петото коло, а Старата дама верува дека конечно ќе се израдува на победа. Гигантот од Торино веќе има 11 бода помалку од лидерот Интер и ако сака да се врати во трката за висок пласман, ќе мора вечерва да освои три бода.

- Оглас -

Најнови вести