Алегри си оди од Јувентус, Хрват ќе биде негов наследник

Масимилијано Алегри на крајот од сезоната, речиси сигурно ќе го напушти Јувентус, а најголеми шанси да го наследи има Хрватот Игор Тудор, кој имаше одлична сезона со Олимпик Марсеј, пишува „Тутоспорт“.

Торинскиот весник пишува дека Алегри ја загубил довербата кај ѕвездите на тимот, а по казната и одземањето на бодови, Јувентус ќе остане без Лигата на шампионите, што е доволно за челниците на екипата да започнат со реконструкција на тимот и еден од првите кои ќе си оди треба да биде Алегри.

„Алегри ја загуби контролата во соблекувалната бидејќи добар дел од клучните фудбалери се незадоволни од него. Втор голем грев му е тоа што Јувентус не игра атрактивен фудбал“, пишува „Тутоспорт“.

Највисоко на листата на негови наследници се наоѓа името на поранешниот фудбалер на Јувентс, Игор Тудор, кој веќе работеше во „Старата дама“. Тудор му беше помошник на Андреа Пирло.

Хрватот има одлична сезона на клупата на Олимпик Марсеј со кого го освои третото место во Лига 1 и обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести