Алегри со ултиматум до Манчестер јунајтед – доведете ме веднаш!

Масилмилијано Алегри е можен наследник на Оле Гунар Солскјер на клупата на Манчестер јунајтед. Италијанскиот стратег нема ангажман уште откако си замина од Јувентус пред повеќе од една и пол година. Сега неговото име го поврзуваат со најтрофејниот англиски клуб.

Манчестер го има најлошиот старт во последниве 30 години, но засега челниците на клубот му даваат доверба на Солскјер. Сепак, тоа може да се смени доколку Манчестер го загуби следниот меч, а тоа е големото дерби против Ливерпул.

Италијанските медиуми пишуваат дека Алегри би прифатил понуда од Манчестер, но англискиот клуб брзо треба да реагира и да го покани да биде нов тренер. Доколку тоа не се случи за скоро време, Алегри може подоцна воопшто и да не сака да прифати.

Алегри беше поврзуван како можен нов тренер на Милан, но ја одбил позицијата кај Росонерите. Од скоро време, италијанскиот стратег започнал да учи англиски јазик, што е уште една потврда дека може да седне на клупата на гигантот од „Олд Трафорд“.

 

- Оглас -

Најнови вести