Веќе е извесно дека Александар Митровиќ по две години ќе ја напушти Саудиска Арабија. Според последните информации, неговата следна дестинација ќе биде Премиер лигата, а Србинот ќе може да бира за кој клуб ќе потпише.
За 30-годишниот фудбалер постои интерес од Манчестер јунајтед, Тотенхем и Њукасл, а Ал-Хилал очекува понуда од 30 милиони евра за да го ослободи. Ниту една од трите екипи нема да има проблем да ја плати оваа сума, па трансферот на Митровиќ е само прашање на време.
Вредноста на Србинот во моментов е 18 милиони евра, а пред две години од Фулам се пресели во Саудиска Арабија за 52,6 милиони евра.