Кошаркарите на Баерн Минхен загубија добиен меч на домашен терен од Анадолу Ефес. Баварците на моменти имаа и +16 и во текот на целиот меч имаа водство, освен на крајот од мечот.
Гостите од Турција имаа само едно водство, она од 80-81, што на крајот беше и конечен резултат на мечот.
Македонскиот интернационалец, Ненад Димитријевиќ, на паркетот мина малку повеќе од 16 минути, а имаше ефект од два поена, три скока и две асистенции.
На седум меча до крајот на регуларниот дел од Евролигата, Баерн Минхен има заостанување од четири победи зад екипите кои се на делба од петтото до десеттото место со ефект од 17 победи и 14 порази.

