17.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Александар Митровиќ ќе потпише за Зенит?

Српскиот напаѓач Александар Митровиќ речиси сигурно ќе го напушти Ал-Хилал до крајот на преодниот рок, откако новиот тренер Симоне Инѕаги одамна му појаснил дека не смета на него.

Саудискиот клуб цело лето се обидува да доведе врвен напаѓач, но беше одбиен од Осимен, Исак, Влаховиќ…

Што се однесува до Митровиќ, претпоставуваше дека би можел да се врати во Англија, но, сепак, рускиот Зенит сериозно покажал интерес за капитенот на Србија.

Тимот од Санкт Петербург испратил понуда вредна 20 милиони евра, и трансферот би можел да се реализира многу брзо.

Единствен проблем би можело да биде тоа што Митровиќ има голем договор во Саудиска Арабија, каде заработува 20 милиони евра годишно, а му останува уште една година од договорот.

Сепак, откако не се смета на него, Митровиќ веројатно би сакал да го смени клубот за да игра редовно и да остане во форма во година кога е Светското првенство.

Српскиот напаѓач имаше импресивна статистика минатата сезона со 40 голови на 43 натпревари, како и 15 асистенции.

Зенит минатата сезона го загуби шампионатот од Краснодар по долго време на доминација, и сега сака да ја врати титулата, а Митровиќ го гледа како клучен дел во овој проект.

- Оглас -

Најнови вести