Реал Мадрид објави дека десниот бек Трент Александер-Арнолд има мускулна повреда на тетивата на левата нога, а претпоставките се дека Англичанецот ќе паузира околу два месеца.
Трент се повреди само по три минути игра на синоќешниот меч на Реал со Марсеј од Лигата на шампионите.
Делува сигурно дека Трент нема да игра на првото Ел Класико против Барселона на 26 отктомври, а неизвесно е дали ќе закрепне навреме за дуелот со Ливерпул од ЛШ на 4-ти ноември на „Енфилд“, што ќе биде посебно емотивен меч за него. Александер-Арнолд е дете на Ливерпул, таму ја мина целата кариера до летоска, кога реши да премине во Реал Мадрид.
На следниот меч од ЛШ, против Каират, кај Реал ќе ги нема двата десни бека, едниот (Александер-Арнолд) поради повреда, другиот (Карвахал) поради суспензија.