33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Алексис Санчез по 13 години се врати во Удинезе

Чилеанскиот ветеран Алексис Санчез по 13 години повторно се врати на „Фриули“ и одново ќе го носи дресот на Удинезе. Тој како слободен агент се врача во клубот каде го имаше првиот блесок во Серија А.

Алексис Санчез беше дел од врвни клубови, како Барселона, Арсенал, Манчестер јунајтед, настапуваше и за Интер, а во Франција го носеше дресот на Олимпик Марсеј. Сега повторно се враќа во Удинезе.

3а репрезентацијата на Чиле, Алексис Санчез, има одиграно 166 натпревари, на кои постигна 66 гола.

- Оглас -

Најнови вести