9.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Романците откриваат шокантни детали за трагедијата: Дрога и алкохол во крвта на возачот на комбито?!

Седуммина навивачи на ПАОК загинаа во вторникот, во страшна сообраќајна несреќа која се случи во Романија. Навивачите на клубот од Солун беа на пат за Франција, каде што требаше да ја гледаат нивната екипа на мечот против Лион.

Романските медиуми пренесуваат дека анализите на крвта на возачот утврдиле присуство на алкохол, но и на психотропни супстанции како кокаин и марихуана. Според јавниот обвинител кој го води случајот, на местото на несреќата биле најдени и пакувања со бела прашкаста материја, но анализите за ова сè уште се во тек, па не може да се потврди за што точно се работи.

Како причина за несреќата се наведуваа проблеми со апликацијата „асистент за правец“, која го блокирала воланот на комбето. Сепак, романската обвинителка не даде детали за ваквите медиумски пишувања и исказите на преживеаните.

- Оглас -

Најнови вести