Алиоски „дрма“ и кога не игра (Видео)

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски поради повреда не може да им помогне на соиграчите на Лидс во најважните мечеви. Лидс игра во плејофот за пласман во Премиер лигата и засега е во добра позиција. Вечерва на свој терен Лидс ќе игра во реванш-дуелот против Дерби каунти. Тимот на Алиоски има предност од 1:0 стекната по првите 90 минути на гостински терен, па треба само да ја одбрани позитивата и да стигне до финалето, каде што го чека Астон вила.

Алиоски покажува дека е „во форма“ и кога не игра, па на најразлични начини ги мотивира соиграчите. Еден од „ритуалите“ на популарниот Џани е да го тресе тунелот од каде што излегуваат играчите. Сепак, во еден момент Алиоски малку како да претера, па еден од стујардите кој беше покрај играчите, реагираше и го опомена македонскиот репрезентативец дека треба да биде помирен. Алиоски со насмевка на лицето ја прифати сугестијата и замина на трибината.

 

 

- Оглас -

Најнови вести