7.8 C
Skopje
понеделник, 27 октомври 2025

Алиоски е повреден и нема да игра на дуелот во Кардиф против Велс

Еден од најстандардните во фудбалската репрезентација на Македонија, Езѓан Алиоски е повреден. Популарниот Џани се повредил на последниот меч што го одигра за Лугано, против Сервет.

По направените лекарски контроли, извештајот на докторите во Лугано, вели дека станува збор за фрактура на левата фибула. Тоа значи дека Алиоски сега го очекува пауза од неколку месеци.

По оваа повреда јасно е дека Алиоски нема да може да биде во составот на Македонија на последниот меч од квалификациите за Светско првенство 2026 година. Македонија следниот месец ќе игра на гости во Кардиф против Велс и тоа ќе биде директен дуел за второто место во групата.

Македонија секако ќе игра во баражот за пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада, но остануав да се види дали како второпласирана во групата од квалифкациите или како учесник од Лига на нации. Ако Македонија биде втора во квалификациите би требало да добие полесен ривал во баражот, додека ако во баражот за СП 2026 година влезе преку Лига на нации, се очекува за противник да имаме некоја елитна европска репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести