Алиоски: Несреќно загубивме!

Езџан Алиоски е разочаран по поразот на Македонија од Украина.

„Покажавме дека можеме да играме добар фудбал против било која репрезентација. Несреќно загубивме. Имавме многу шанси, но за жал не ги искористивме, за разлика од противникот. Тешко е, разочарани сме, но фудбалот е тоа. Дадовме се од себе да ги израдуваме навивачите, но овој пат не успеавме.“, рече популарниот Џани веднаш по дуелот.

- Оглас -

Најнови вести