Македонското крило Езџан Алиоски со својот гол во 68 минута, му донесе победа на Лидс од 2-1 против Болтон, и го остави својот тим во одлична позиција за влез во Премиерлигата. Интересно е што погодокот на популарниот Џани беше и случаен, бидејќи неговата намера беше да нафрли, а топката го измами гостинскиот голман и влезе во голот. Лидс има два бода помалку од лидерот Норвич, но Алиоски и другарите имаат и еден меч помалку.
Погледнете го голот на Алиоски, снимен од трибината зад голот во кој топката заврши во мрежата: