Левиот бек Езџан Алиоски беше еден од најдобрите поединци во македонската репрезентација на дуелите со Италија и Малта, покажа дека е во добра форма, но тој од почетокот на септември е без клуб.
Алиоски редовно играше на мечевите на Ал-Ахли, но на крајот на август го одигра последниот меч во дресот на клубот од Саудиска Арабија и сега е во потрага по нова клупска средина.
Преодниот рок е завршен речиси во сите посериозни лиги низ светот. Во Европа, летниот преоден рок трае само уште во Израел, а ќе биде затворен за два дена, исто како и во Кувајт.
За три дена, на 21 септември завршува преодниот рок во Обединетите Арапски Емирати и тоа е последна шанса за Џани да потпише за амбициозен клуб во кој би можело добро да заработува.
Ако на 22 септември Алиоски нема договор, тоа ќе биде проблем и за него, но и за селекторот Благоја Милевски бидејќи ќе му останат само клубови од недоволно атрактивни и понеквалитетни лиги.

