Алисон сака да биде херој во најважниот меч во кариерата

Не можам да дочекам да почне финалето против Тотенхем. Тоа е најважниот меч во мојата кариера, вели голманот на Ливерпул, Алисон Бекер.

Бразилецот брани одлично за тимот од Енфилд, а вели дека го памети прекрасното шоу на Јиржи Дудек на финалето во 2005 година.

„Се сеќавам на тоа незаборавно финале и на одбраните на Дудек. Иако прими три гола против Милан, бранеше неверојатно добро, а претставата во пенал-серијата беше историска. Тоа е кај голманите, нема трета опција, или сте херој или трагичар“, вели Алисон.

Тој задутре ќе биде на голот на Црвените во англиското финале во ЛШ против Тотенхем во Мадрид на „Ванда Метрополитано“ од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести