Алкалоид брани пет гола предност за историско европско финале (Фото)

Актуелниот освојувач на македонскиот ракометен Куп, скопски Алкалоид, вечерва е пред историска шанса за пласман во финалето на Европскиот куп. „Фармацевтите“ имаат предност од пет гола (42-37) од првиот меч одигран во Скопје, па во Норвешка ќе треба да ја одбрани оваа предност и да ја израдува ракометна Македонија.

Иако Алкалоид победи со пет гола на првиот натпревар, сепак квотите во Sport Life го фаворизираат норвешкиот состав, Рунар, со квота за победа од 1.37. Сепак, доколку верувате во победа на нашата екипа, тогаш ќе добиете одлична квота од 3.75.

Границата на хендикепот е 4.50, односно колку што победи Алкалоид во Скопје, па на оваа игра едноставно типувате кој ќе се пласира во финалето. Квотата за „фармацевтите“ дека ќе ја сочуваат предноста е 1.73, додека за Рунар е 2.00.

Алкалоид оваа сезона на европска сцена одигра вкупно девет натпревари, на кои забележа осум победи и само една ремизираше, па се надеваме дека така ќе биде и вечерва, па ќе имаме можност да гледаме спектакуларно македонско-грчко финале, со оглед дека АЕК од Атина е првиот финалист на ова натпреварување, откако го елиминираше босански Извиѓач.

- Оглас -

Најнови вести