Со победата од 31-26 против Германија, селекцијата на Данска си ја отвори вратата од полуфиналето на Европското првенство во ракомет.
Гидсел и Питлик со по 8 гола и голманот Нилсен, кој имаше 14 интервенции, беа најзаслужни за победата на домаќинот.
Данците се сигурни учесници во разигрувањето за титулата. Другиот патник во полуфиналето од оваа група ќе се знае по одигрувањето на дуелот на Германија и Франција, селекции кои губеа од Данска во оваа фаза од шампионатот.

