9.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Алкалоид доби италијански противник во осминафиналето на Европскиот куп

Екипата на Алкалоид остана единствен македонски преставник во ракометниот ЕХФ Европски куп кој успеа да стигне до осминафиналето. На денешната ждрепка, Алкалоид го доби својот следен противник, а тоа е екипата на Бриксон од Италија.

Според ждрепката, Алкалоид ќе гостува на првиот меч и тоа на 15 или 16 февруари 2025 година, а реваншот треба да се игра во Скопје една недела подоцна.

Алкалоид има перфектен биланс од четири победи во досегашниот настап во Европскиот куп, откако по два пати и тоа убедливо ги победуваше екипите на Вест Виена од Австрија и Клаипеда од Литванија.

- Оглас -

Најнови вести