Македонските екипи Вардар и Алкалоид ќе играат во финалето на традиционалниот ракометен турнир во Струга.
Вардар претходно го обезбеди пласманот во финалето, откако со 28:26 го совлада Гуиф, додека вечерва Алкалоид во директен дуел за првото место во групата А, го совлада АЕК со 26:23.
Алкалоид победата ја обезбеди во последните минути од мечот кога направи серија од 3:0 благодарение на головите на Митев, Серафимов и Стојковиќ за триумф од 26:23.
Финалниот меч на 51-то издание на „Струшкиот турнир“ меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра утре.