Алкалоид го победи Рунар Сандефјорд со 42-37 во првиот полуфинален меч од ЕХФ Европскиот куп. Реваншот е за една недела, на 27-ми април во Норвешка, и тогаш ќе се решава кој да оди во финале на ова европско натпреварување.
Гостите добро го отворија мечот во Автомоманда, поведоа со 3-1, подоцна имаа и 11-10, а тогаш Алкалоид одговори со серија од 5-1 за предност од 15-12. Три голови разлика беше највисоката предност која ја имаше македонскиот тим во првото полувреме кое заврши со ефикасни 21-20 за Алкалоид.
Норвешкиот тим добро го отвори и второто полувреме, па си ја врати предноста. Во целото второ полувреме, најголемата предност за еден од двата тима беше пет гола разлика кои ги имаше Алкалоид на крајот.
Мартин Серафимов со 10 гола беше прв стрелец, а Иван Џонов даде 7.