Алкалоид како фаворит против Рунар тргнува кон историско финале во Европскиот куп (Фото)

Ракометарите на Алкалоид на Велигден тргнуваат во поход кон прво, историско финале на европска сцена. Пречка кон големиот успех е норвешкиот претставник Рунар Сандефјорд, а квотите во Sport Life го фаворизираат нашиот претсавник.

Алкалоид иако без повредениот Марко Митев, несомнено најдобриот ракометар на „фармецевтите“, се фаворити со квота за победа од 1.69. На денешниот меч потребна е што е можно повисока победа како залиха за реваншот во Норвешка следниот викенд, па одлични се квотите и за победа со хендикеп на Алкалоид.

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија оваа сезона на европска сцена одигра вкупно осум меча, на нив забележа седум победи, а само еднаш ремизираше.

- Оглас -

Најнови вести