Алкалоид дојде до 14-тата победа во 14-тиот настап сезонава во ракометната Суперлига, но овој тим се изнамачи за да дојде до триумфот од 25-23 против Тиквеш во Кавадарци.
Кавадарчани водеа по првото полувреме со 13-12, беа блиску до освојување на бод, но шутот на Манасков во последниот напад на 8 секунди до крајот при 23-24 беше изблокиран, па голманот на Алкалоид, Трајковски даде гол во празната мрежа за конечни 25-23 за фаворитот.