Алкалоид за историја, ќе има македонско-грчко финале во ЕХФ купот

Алкалоид испиша историја на македонскиот ракомет и влезе во финалето на ЕХФ Европскиот куп.

Во регуларниот дел од мечот на гости кај норвешки Рунар, средбата заврши 34-28. Првиот дуел во Скопје заврши 42-37 за македонскиот тим, па финалистот мораа да го одлучуваат седмерци. Во пенал серијата, Алкалоид беше подобар со 3-1.

Во финалето, противник на тимот на Кирил Лазаров ќе му биде грчки АЕК од Атина.

Реванш мечот вечерва беше драматичен, Рунар тргна силно и поведе со 6-1, но Алкалоид не дозволи разликата да отиде на повеќе од шест гола разлика. На крај дуелот заврши со победа на норвешкиот тим од пет гола разлика и мораа пеналите да решаваат. Рунар го имаше последниот напад, но не дадоа гол, и потоа Алкалоид беше подобар во изведувањето седмеерци.

- Оглас -

Најнови вести