Алкарас без многу мака и само со еден сет до второ коло на Отвореното првенство на САД

Светскиот рекет број 1, Карлос Алкарас, само за 58 минути игра обезбеди пласман во второто коло на Отвореното првенство на САД откако неговиот противник се повлече од натпреварот.

Шпанецот одлично го започна мечот и само за 35 минути дојде до водство од 1-0 откако го доби сетот со 6-2. Вториот сет траеше 23 минути и беше прекинат по 23 минути откако Германецот Доминик Кофер се пожали на повреда и не можеше да го продолжи натпреварот.

Германецот имаше проблем со глуждот на левата нога.

Противник на Алкарас во второто коло ќе му биде Харис од Јужна Африка, кој е на 177-тото место на АТП-листата.

- Оглас -

Најнови вести